недеља, 6. април 2014.

Веле Смилевски: Концепт за книга


Концепт на книга

Ниту една книга не може да биде
Забранета книга.


Вжештувањето на кладата
Постепено нè внесува
Во делот
На ненапишаното.


Затоа
Ниту имало, ниту ќе има
Забранета книга.


Но помислата
Да ја исклучиме можноста
За забрана
Ε крик
Или
Идеја за тестамент,
За книга што ќе ја доживее
Слободата за читање.


Потребата
Да ја кажеме оваа вистина
Hè качува на високо.


Слегување оттаму нема.


Веле Смилевски

Мирослав Б. Душанић

Нема коментара: